2,7K
Монца попладнево соопшти дека му е врачен отказ на тренерот Салваторе Бокети, и на кормилото го врати Алесандро Неста, кој „доби клоца“ на крајот од декември.
По само седум натпревари на кормилото на Монца, Салваторе Бокети доби отказ.
Синоќешниот пораз од Лацио му пресуди на 38 годишниот стратег, кој успеа да забележи само една победа и дури шест порази, притоа неговите избраници дадоа 6 погодоци, и примија дури 16.
Неговиот наследник е Алесандро Неста, кој доби отказ од оваа функција на крајот од декември.
Раководството на Монца се пишмани по 49 дена и реши да му даде нова шанса на легендарниот дефанзивец.