25
Четирикратниот светски шампион Германија вечерва го игра својот прв натпревар на Светското првенство, а противник во рамките на групата Е е дебитантот Курасао.
Германците очекувано рано дојдоа до предност и веќе во петтата минута поведоа со голот на Нмеча, најавувајќи сигурен старт на Мундијалот, но Курасао преку Коменесија испиша историја и дојде до израмнување. Германците до крајот на првото полувреме го вратија водството и со погодоците на Шлотербек и Хаверц од пенал дојдоа до 3-1 на паузата.