Модриќ има план за рехабилитација до Мундијалот кој исклучува една работа!

by riste
1 минути читање

Пристигнуваат нови информации за закрепнувањето на Лука Модриќ по операцијата на јаболчницата, за него клупската сезона е завршена, целта е да биде максимално спремен за Светското првенство.

Хрватскиот капитен ќе ги отстрани конците следната недела, по што ќе започне со индивидуална работа во тренинг центарот на Миланело за одржување на мускулниот тонус, објавува „Тутомеркато Веб“.

Програмата на Модриќ во оваа фаза исклучува секаков тренинг со соиграчите и вежби што вклучуваат физички контакт. Таа главно ќе се состои од трчање и вежби за нозе во теретана. Интензитетот на тренингот постепено ќе се зголемува до 23 или 24 мај.

По тој датум, сè уште не е познато дали Модриќ ќе отпатува за Задар или ќе остане во Милано и ќе продолжи да го користи спортскиот центар на клубот. Главната цел е да се одржи високо ниво на форма пред подготовките за претстојното Светско првенство.

За потсетување, хрватскиот капитен беше подложен на успешна операција откако претрпе комплексна фрактура на јаболчницата на натпреварот против Јувентус минатата недела. Тој ќе биде подготвен да игра на Светското првенство, кое започнува за нешто повеќе од еден месец.

Нејасно е само дали ќе може да игра на пријателските натпревари на Хрватска против Белгија и Словенија, но сигурно ќе биде дел од Мундијалот.

Фан маички за Светското првенство, погледнете – ТУКА!

Можно е и ова да ти се допаѓа

×