Лука Модриќ и Брахим Диаз влегле во расправија по крајот на натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид во Копа дел Реј, причина е недоразбирањето на теренот по кое падна голот на Жил Кунде со кој „каталонците“ стигнаа до победа од 3-2.
Синоќешното „Ел Класико“ имаше тензична завршница, фудбалерите на Реал Мадрид тешко го прифатија новиот пораз и негодуваа кај судијата Де Бургос за одредени судиско одлуки, па Антонио Ридигер, Џуд Белингем и Лукас Васкез добија црвени картони.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, тензично било и во соблекувалната на „кралевите“ каде имало неколку расправии.
Главната била помеѓу Лука Модриќ и Брахим Дијаз и нивното недоразбирање по кое падна голот на Жил Кунде за 3-2.
— topandgers (@topandgers) April 26, 2025
„Мораш да бидеш побрз и да одиш на топка“ – му рекол искусниот Хрват на својот помлад колега, кој пак се бранел: „Кога се обидов да реагирам веќе беше доцна, тој ме фати на контра“.
Тренерот Карло Анчелоти не сакаше да каже кој е виновен, дали Модриќ што ризикувал со додавањето или пак Брахим Диаз што ја чекал топката, само посочи дека вакви ситни детали на големи натпревари некогаш скапо чинат.