160
Македонската
фудбалска репрезентација за играчи од генерацијата 2002/03 славеше минимална
победа од 1-0 над соодветната селекција на Косово на тренинг центарот „Петар
Милошевски“ во Скопје.
Луан Абази во 63
минута го постигна единствениот гол на контролниот меч во Скопје со што
избраниците на Драган Канатларовски уште во тој период од мечот го поставија
конечниот исход.
Ова беше првата
од предвидените две контролни пресметки со Косово, втората е предвидена да се
одигра во сабота.
Фото:
ffm.mk