Младинската школа на Вардар доби нов дом (ФОТО)

by
1 минути читање

Фудбалскиот терен во населба Аеродром кој се наоѓа до СЦ „Јане Сандански“, сега е на младинската школа на ФК Вардар.

„Младинско-пионерската школа „Кирил Симоновски – Џина“ го доби својот нов дом.

Успехот е историски, а најважно од се е тоа што ова е сепак само почеток на сето она што како клуб имаме во план да го направиме. Нашите млади таленти се приоритет на нашата борба и база врз која целосно ќе се потпира функционирањето на клубот во иднина. Веруваме дека на тој начин, најдобро ќе го афирмираме пред се ФК Вардар, а секако и македонскиот фудбал. 

Упатуваме голема благодарност до сите кои вчера присуствуваа на свеченото отворање, кои ја препознаа нашата борба и кои застанаа заедно со нас, во одбраната на клубот на народот.

Нека овој проект донесе многу спортски успеси и нека биде ова уште еден расадник на таленти кои утре гордо ќе го носат дресот на големиот Вардар и достоинствено ќе ги бранат црвено-црните бои“, стои во соопштението на Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани