429
Македонскиот
репрезентативец Бојан Миовски беше стрелец за МТК во мечот од 11 коло во
Унгарија на домашен терен против Дебрецен којз заврши со реми и резултат 1-1.
Токму 22
годишниот Македонец во 12 минута го постигна водечкиот гол за домаќините, а
притоа ги одигра и сите 90 минути од пресметката, со тоа што го постигна петиот
гол сезонава.
По одличната партија изминатиот викенд, младиот Штипјанец се најде во тимот на колото во унгарскиот шампионат.