Миовски беше стартер одигра 60. минута, врз него беше направен пенал во 5. минута кој тој го реализираше и донесе водство на тимот. Кога го напушташе теренот со стоечки овации беше поздравен од публиката.
Бројот 9 во Абердин минатата сезона го носеше Кристијан Рамирез, тој се уште е во клубот, но деветката сега ја има нашиот Бојан Миовки, а Рамирез го носи дресот со број 99.
„Миовски е нашата деветка, но тоа е само бројка, луѓето премногу читаат за тоа. Кога преговаравме со Бојан, тој го сакаше тој дрес. Кристијан ја разбра ситуацијата и сега има две деветки на дресот, среќен е“, изјави тренерот Џим Гудвин.
„Бојан имаше само два тренинга откако дојде, беше уморен на полувреме, но сакавме да се обидеме да добиеме уште 10-15 минути во неговите нозе. Тој ни се приклучи подоцна, и поради тоа е зад групата во поглед на физичката подготовка. Добро е што даде гол, тоа го бараме од напаѓачите“.
Миовски открива дека се подготвувал по посебна програма дадена од тренерот во периодот додека ја чекаше работната дозвола.
„Се подготвувам сам цели три недели според програмата која ја добив од клубот. Конечно сум тука и навистина сум среќен што дебитирав со гол на домашен терен. Бев малку нервозен што не можев веднаш да му се приклучам на тимот, но сега сум тука, почнав да играм, да давам голови и се е фантастично. Среќен сум што ми дадоа да го шутнам пеналот, тоа ќе ми даде дополнителна самодоверба за во иднина“, вели Миовски.
Следниот натпревар на Абердин е во првото коло од шкотската лига и тоа не било каде, на Селтик Парк во недела од 17:30 часот.