Тој беше одличен и за Македонија во изминатите натпревари, асистираше против Малта, а даде гол против Фарските Острови.
Неговото име се поврзува со Болоња, Лацио, Специја, Саутемптон… и голема е веројатноста дека на лето ќе ја промени средината. Вели дека сака да игра во топ пет лигите.
„Сакам да му помогнам на Абердин да ги оствари целите оваа сезона и само така сакам да се заблагодарам за довербата која ја добив. Моја желба е да играм во тим од топ-5 лигите во светот, сонувам и за Премиерлигата. Исто така, од дете навивам за Реал Мадрид, но и за Манчестер јунајтед од Англија“, кажа Миовски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.