Абердин со 1-3
загуби од Хакен дома и доживеа елиминација во плеј-офот во Лига Европа, па
настапот ќе го продолжи во Конференциска лига.
Садик со два гола
донесе предност на гостите од 0-2 по првото полувреме, а по десетина минути
игра во вториот дел, Бојан Миовски погоди од пенал и ја врати надежта кај
домаќините.
Bojan gets us back into the game. COYR!#StandFree pic.twitter.com/TZetM2NhTs
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) August 31, 2023
Сепак, во финишот
Лајуни погоди за 1-3 и го отпиша Абердин од второто по ранг европско
натпреварување.
Претходно
елиминација во Лига Европа доживеа и Стефан Ристовски со Динамо Загреб,
„модрите“ загубија со 4-1 на гостувањето кај Спарта Прага, па и тие настапот ќе
го продолжат во Конференциска лига.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.