Миовски: Селекторот ни ги кажува слабите точки на Грузија, ни кажува како да напаѓаме

by
1 минути читање

Миовски игра во голема форма во Абердин и се очекува да биде прв избор на Боби Милевски за мечот со Грузија. Тој знае дека реализацијата беше проблем во изминатите натпревари и се надева дека тоа наскоро ќе биде надминато.

„Грузија во последните натпревари има голем напредок. Го покажаа тоа и во второто полувреме во Скопје, но мислам дека тогаш ако ние во првото полувреме дадовме гол, тоа ќе беше сосема друг натпревар“, вели Миовски.

„Ни недостасуваат клучни фудбалери, но сите што сме овде здрави ќе дадеме максимум. Знаеме дека не очекува пеколен натпревар таму, но во мислите ни е само победа“.

„Фудбалот се игра за голови. На овие два тренинга селекторот ни укажува како треба да напаѓаме, каде се слабите страни на Грузија. Одиме да се надигруваме и мислам дека конечно ќе го покажеме тоа на терен што го тренираме“.

„Додека имаме теоретски шанси ќе дадеме се од себе. Грузија е во подобра позиција, и со бод ќе може да го задржи тоа прво место. Ќе биде многу тешко, но ние веруваме во нас. Мислам дека ќе победиме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани