Миовски сака да биде „Златна копачка“ во Шкотска: Се мотивирам дополнително кога гледам дека другите даваат голови

by
1 минути читање

Бојан Миовски летоска се реши за нова авантура и трансфер во Абердин, Македонецот одлично се снајде во Шкотска и веќе има 7 погодоци зад своето име во првенството.

„Убаво е што имам постигнато седум погодоци, се надевам дека бројката ќе продолжи да се зголемува. Играме офанзивно, постигнуваме многу голови, не само јас, и останатите соиграчи“ – вели напаѓачот.

„Сакав да постигна хет-трик (на последниот натпревар против Килмарнок), но патував многу изминативе денови со репрезентацијата, па 60-65 минути беше перфектна минутажа. Не сакав да ризикувам и да се повредам“.

Македонецот потоа откри дека веднаш бил импресиониран од проектот кој му го презентирал тренерот Џим Гудвин.

„Кога дојдов тука ми ги покажаа плановите, дека ќе играме офанзивен фудбал со многу напаѓање, и тоа е перфектно за мене како напаѓач. Знаев дека ќе постигнам многу голови доколку пристигнам тука, ми се допаѓа стилот, уживам тука и има добра конекција со сите фудбалери“.

Бојан Миовски потоа додаде: „Мојата цел е да бидам најдобар стрелец во првенството оваа сезона, мислам дека секој напаѓач сонува за тоа. Кога ривалите постигнуваат погодоци, ме притискаат да играм подобро. Кога гледам дека постигнуваат голови, сакам и јас да постигнувам повеќе за да финиширам како прв“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×