Миовски: Овојпат видов жар во очите на соиграчите, желба да одиграме, да покажеме дека можеме

by
3 минути читање

Македонија дојде до четири бода на контото пред гостувањето на Малта во вторник, а сѐ освен победа и три бода би било неуспех за селекцијата, што го потенцира Миовски, напаѓачот на шкотски Абердин.

„Го заслуживме овој бод, добро го отвориме мечот до мојата шанса, ете се случи да промашам, а потоа бевме сконцентрирани, во вториот дел без оглед што се најдовме во негатива, создадовме потоа повеќе шанси за гол и на крај ете дојдовме до тој погодок од слободен удар. Мислам дека во вториот дел ја надигравме Италија и сега одиме на Малта по три бода. Сѐ освен победа на Малта ќе биде неуспех, со неа остануваме во игра за првите две позиции во групата“, вели Миовски.

Македонија покажа поинакво лице од јунското фијаско, Миовски поради повредата на скочниот зглоб не беше дел од тој циклус, но посочи дека сега видел промена во националниот тим, која ветувала добар резултат.

„Не знам што се случи за променава, јас не бев во јуни со селекцијата, ама сега видов еден жар во очите на соиграчите, една голема мотивација да покажеме и докажеме дека вредиме. Ние, кои успеавме да ја победиме една Германија, па Италија, после да загубиме 0-7… Знаевме дека сме истите играчи, дека сѐ е до нас и ете го покажавме тоа“, додаде Миовски.

@2024 – Сите права задржани