Миовски донесе победа за Македонија против Фарските Острови! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонија долго се мачеше да го скрши отпорот на Фарските Острови, ние ја имавме топката, но не бевме многу опасни кон противничкиот гол.

Првата голема шанса ја имавме во 38. минута кога по една одлична акција Езгјан Алиоски ја погоди пречката од голот на Рејнатред.

Во вториот дел бевме поопасни откако селекторот Милевски реши да ги извади Несторовски и Милан Ристовски, а во игра да ги внесе Елмас и Миовски. Очигледно формацијата со два класични шпица не функционираше.

Промената донесе пожива игра и повеќе напади. Но, вистинска шанса повторно имавме доцна, во 79. минута Елмас излезе сам пред противничкиот голман, но тој го одбрани неговиот удар.

Во 80. минута Миовски биеше со глава крај голот на Фарските Острови, но две минути подоцна даде гол за водство и победа на Македонија од 1-0.

Првите минути за А селекцијата на Македонија ги одигра и Јован Манев кој во игра влезе во 79. минута.

Можеме да бидеме задоволни од победата, но не и од играта на Македонија на овој натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×