Жолто-црвените со седум бода се на делба на втората позиција на табелата во групата Ц, заедно со Украина и Италија, која има и меч помалку од нашата и украинската селекција, додека Англија е убедливо прва со 13 бода од пет натпревари. Поради ова, напаѓачот Бојан Миовски смета дека ако сакаме место меѓу најдобрите во Европа ќе треба да победиме некој од големите ривали во групата.
„Секогаш е одлично кога ќе се даде рано гол против противник чија цел е да се брани. Убаво го отворивме натпреварот, до крајот на полувремето постигнавме уште еден гол и потоа сè беше рутински. Останавме со ист пристап до крајот на натпреварот, знаејќи дека резултатот е опасен. Имавме неколку шанси во финишот и за трет гол, ама во глобала сме задоволни со резултатот и пред од трите бода. Сега имаме исто бодови со Украина и со Италија, но ако сакаме да одиме на ЕП, реално, ќе мора да се победат и големите репрезентации“, изјави Миовски.
Македонија клучните средби на патот кон ЕП 2024 ќе ги одигра во следните два месеци, кога прво ќе ја пречекаме Украина на 14 октомври, потоа ќе ѝ гостуваме на Италија (17 ноември), по што следува кулминација и домашна средба со Англија (20 ноември).
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.