Милевски: Задоволен сум од овие два натпревари

by
2 минути читање

Македонија денеска славеше со минимални 1-0 против селекцијата на Фарските Острови, овој триумф дојде по победата над Малта од 2-1. 

„Најважно ми беше на овој меч да го видам менталниот и психолошкиот момент, за да бидам сигурен дали одиме во таа насока како што сум го замислил тимот. Кога ќе подвлечеме црта, без оглед што овој меч денеска беше контролен, ме прави задоволен од пристапот, желбата, ентузијазмот и енергијата. Во овој момент ми е тоа најважно како одлична однова и подлога за тоа што ни следи“, вели Милевски.

Милевски посочи дека не може да ја споредува селекцијата од последниот мундијалски циклус сосе баражите како кулминација на оваа селекција со сегашните игри, но верува дека во сите сегменти очекува подобрување.

„Не може да споредуваме било што пред една година и сега, со ситуација што ја имаат поголем дел од фудбалерите во клубовите, која не наликува на таа од пред една година. Но, јас ќе повторам тоа што го видов, без одлед на создавањето шанси, за реализацијата сум сигурен дека ќе дојде. Но, приодот, пристапот мора да ни биде ист и тоа фудбалерите го покажуваат, без оглед каков меч е – квалификациски или пријателски. Таа енергија што ја имаме мора да ја сочуваме и да продолжиме да се подготвуваме, а сите што добиваат шанса имаат потенцијал и ни треба малку трпение со нив, но секоја шанса ја искористуваат. Тоа е плус за мене зашто знам дека имам повеќе опции и на клупа и задоволен сум од тоа што располагаме“, додава Милевски.

Тој додава дека Јани Атанасов се наметнува дека на него може да се смета во иднина, во ситуација кога Аријан Адеми поради повреда ги прескокна и овие два меча.

„Јани одигра сосема коректно и покажа дека може да се смета на него во иднина. На Аријан би му посакал да го служи здравје. Убаво е да имаме квалитетни замени, на сите позиции, а сите играчи што добиваат шанса е на нив да ја искорисат“, посочи Милевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×