Милевски: Во Рим не сме дојдени како туристи, сакаме добар резултат

by
1 минути читање

Македонија утре има нова средба со Италија, од 20:45 во Рим им гостуваме на азурите. За нас мечот нема резултатско значење, бодовите им се потребни на Италијанците.

„Не сме во Рим како туристи и верувам дека можеме да оствариме добар резултат. Секој натпревар е посебна приказна и ниту еден натпревар не наликува на претходниот. Утрешниот дуел со Италија е посебен. Сам по себе носи убавина и тежина, но во Рим сме да го продолжиме она што го остваривме во септември и октомври. Создаваме нова, млада репрезентација, имаме своја цел и не дојдовме во Рим туку-така. Немаме резултатски императив, но секогаш се стремиме да го извлечеме најдоброто од себе. Играме против една од трите најдобри светски репрезентации и максимално ги респектираме“, изјави Милевски на денешната прес-конференција.

×