Милевски: Сега играчите се многу поподготвени од претходниот собир!

by
2 минути читање

Македонија утре од 20:45 часот ја пречекува Италија на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Противник против кој направивме историска победа во Палермо, но и селекција која сега доаѓа со нов селектор, Лучано Спалети.

„Кога играте со противник како Италија нема резултатски притисок но има желба за победа. Не само против Италија туку против секоја репрезентација имаме мотив за победа. Не беше така лошо на последните два натпревари, како што се зборува, пример во поголем дел од мечот со Украина одигравме фантастично. Италија ни доаѓа со нов тренер, со Спалети, знаеме кои се тие, ќе бидат мотивирани да ги освојат трите бодови“, вели Милевски.

„Периодот во кои беа одиграни претходните два меча беше дискутабилен за нас поради минутажата која ја имаа играчите и ни беше проблем да ја одржиме кондицијата во текот на сите 90 минути. Сега е сосема поинаку, играчите ни доаѓаат после завршени подготовки со клубовите, ги гледам дека се многу подобро физички подготвени од претходниот собир и се надевам дека ќе го одржат потребниот ритам во текот на сите 90 минути“.

„Треба да бидеме тактички дисциплинирани, да одговориме тркачки, момците поседуваат индивидуален квалитет и тимски. Само кога функционираме како тим можеме да дојдеме до позитивен резултат“.

Настапот на Адеми е неизвесен, тој отиде во Загреб да потпише за Динамо, но тоа уште не е завршено.

„Ситуацијата со Адеми се уште не е решена, го очекуваме во секој момент да ни се приклучи и се надевам дека ќе дојде навреме и ќе ни помогне“.

Во селекцијата има и играчи кои се уште немаат клубови.

„Дарко Велковски почувствува болки во ногата на претходниот тренинг, неизвесен е дали ќе биде во комбинација за мечот. Трајковски делува многу мотивиран и физички подготвен да игра. Сите се тука да помогнат и да се вложат максимално за репрезентацијата“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани