Милевски: Се навикнавме да не сме комплетни

by
3 минути читање

Милевски објави список од 26 фудбалери за мечевите со Финска (17 ноември) и Азербејџан (20 ноември) кои ќе ги играме во Скопје.

Селекторот не можеше да смета на Аријан Адеми, Дарко Чурлинов, Тихомир Костадинов и Дејан Илиев.

„За жал пак не сме комплетни и се навикнавме веќе 14 месеци да не сме комплетни, да не ги собереме најдобрите во еден момент, но што е тука е. Адеми, пак не е со нас, на последниот меч за Динамо има руптура од три сантиметри на задната ложа. Чурлинов, Костадинов и Илиев се враќаат полека од повредите. Велковски е на список и е со нас, но 14 дена работи само индивидуално и со дополнителни тестирања пред сѐ на физички план ќе видиме со него. Трајковски е малку понапред зашто од 3 ноември е во тренажен процес. Од дрига страна Бојан Димовски не е со нас зашто не сум задоволен од формата во клубот“, вели Милевски.

„Доста подобра е формата во однос на септември, пред сѐ тие што се носители, тука мислам на Барди, Елиф, Алиоски… Плус тие што не беа на собирот полека си ја наоѓаат формата како Давид Бабунски и Бобан Николов, а Ките Ристевски имаше период на аклиматизација лпо кој според начинот на кој игра сега е на задоволително ниво. Севкупно, далеку сме во подобра форма во однос на септември. Се надевам после викендов сите фудбалери ќе останат здрави“.

Во составот се враќа Илија Несторовски, а не е повикан Доријан Бабунски.

„Несторовски да покаже дали може да помогне, а се надевам ќе покаже тоа што го покажуваше во минатото. Се надевам дека ќе биде дел од тимот и во иднина. Плус Ристовски и Миовски се во моментов во подобра форма од Бабунски во изборот за центарфори“.

Ердал Ракип веќе нема да биде викан од страна на Благоја Милевски бидејќи фудбалерот рекол дека не се чувствува како дел од тимот.

„Кога играч ќе ви каже дека сака пауза од репрезентација, го прашувате која е причината? Ни една причина не беше наведена. Едноставно, не се чувствува како дел од тимот! Јас тоа го почутивам, ама не можеме ништо плус да му дадеме од тоа што му го овозможуваме на секој друг играч. Тоа е тоа. Се друго е на играчите, дали се чувствуваат дел од тимот или не. Ердал заслужуваше да биде во селекција за тоа како играше во Малме, како конкуренција во средниот ред, но кога некој доаѓа да биде дел до тимот, а не го чувствува тимот како свој, не се чувствува среќен – затоа не го повикуваме повеќе!“.

Наскоро нема да има повик ниту за Мартин Мирчевски кој сезонава дава голови во српското првенство за ТСЦ Бачка Топола.

„Мартин беше поканет за мечот со С. Арабија, но не можеше да одговори на тој повик. Да, во реализаторска форма е, но начинот на кој игра, а не велам дека е лош, но во концептот кој го бараме моментно повиканите кои се на списокот се во предност пред него“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×