Во изминатите натпревари Македонија си ги намали шансите за второто место во групата, па сега тие се сведени на теорија, но надежта умира на крај.
Ново име во репрезентацијата е Валон Етеми од Истанбулспор.
„Валон игра во одлчна форма во Истанбулспор, има целона минутажа, има квалитет, но негово е дали ќе е докаже и ќе го зачува местото во репрезентација. Беше селектиран и во младинската селекција, има потенцијал, но негово е дали ќе ја искорити шансата. Иако станува збор за втората турска лига, сметам дека тоа е лига во која има голем квалитет“, вели селекторот Милевски.
На списокот ги нема повредените Адеми и Николов, но се враќа Барди.
„Веќе навикнавме да се соочуваме со повреди. Во септември го немавме Адеми, во октомври Барди, сега сме без Николов. Под знак прашалник се Спировски и Костадинов. Дејан Илиев правеше операција. Ѓорѓев не е повикан поради слабата мнутажа“.
„Како и да е, против Ерменија ќе го дадеме максиумот. На мечот во Скопје доминиравме, ,но не победивме, се надеваме дека во Еревен ќе его направиме тоа. Ние одиме да се надигруваме и со надеж дека ќе победиме. Добро го познаваме противникот, станува збор за одлична селекција која исто така ќе биде мотивирана да победи. Ние не се откажуваме од второто место се додекак постојат теоретски шанси за тоа“.
Македонија на 11 ноември гостува кај Ерменија, а три дена подоцна го пречекуваме Исланд во последниот меч од квалификациите за СП 2022.