Милевски: Ракип може да биде значаен фудбалер за Македонија

by
1 минути читање

Тој е роден во Малме, Шведска, но има македонски корени и прифати да игра за нашата репрезентација. Има настапи и за сите младински селекции на Шведска, но не доби повик и за сениорската селекција на оваа земја.

Ракип е првотимец на Малме кој игра во Лигата на шампионите, па Милевски верува дека тој може да биде значаен играч за Македонија, но се ќе зависи од него.

„Ракип со своите настапи во шведското првенство и Лигата на шампионите покажа за каков фудбаллер се работи. Мислам дека ќе добиеме на конкуренција во средниот ред, поготово што е соочуваме со проблеми баш на тој дел од теренот. Тој со својот квалитет ќе ја зголеми конкуренцијата во средниот ред. Негово е дали ќе е наметне како еден од носителите на играта на оваа репрезентација. Тој е роден 96та и се надеваме дека ќе биде значаен играч за нашата репрезентација“, вели Милевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани