Пред Македонија се два меча со гигантите во светскиот фудбал, Италија и Англија.
„Списокот е ист од минатиот пат, ме радува што конечно ќе биде со нас и Тихо Костадинов кој се враќа од подолга рехабилитација од повреда, се надевам дека ќе биде се во ред со него и ќе биде дел од тимот, ме радува што сите останати се здрави и дека така ќе биде и после ова коло што ни престој викендов“, вели Милевски.
„Нема лесен или тежок натпревар. Кога играте за својата држава нема разлика дали играте против Англија и Италија или Малта и Украина. Ме радува што имаме млад тим што не краси една позитивна енергија во последно време и се надевам дека така и ќе биде во иднина. Создаваме еден млад тим, ме радува дека момците покажаа дека со право се тука и со право им се дава верба и минутажа на сите нив“.
„Ниту еден меч не наликува на претходниот, сето тоа што сме го одиграле досега против Италија, мислам дека не очекува сосема поинаков натпревар, со поинаква тежина од претходните. Дали ќе има изненадување? Играчите се тие и нашите и на противникот. Ќе се договориме како ќе играме со играчите во текот на подготовките што ќе ги имаме иако тие се кратки подготовки. Ќе има и промени во составот сигурно и кај противникот и кај нас“.
„Ние не сме во ситуација да се штедиме, секој следен меч ни е најважен. Таква е ситуацијата со два тешки меча во краток период. Свесни се играчите дека треба да бидат физички подготвени. Дел од играчите кои се наосители кај нас немаат голема минутажа во клубовите, но ние се обидуваме да го извлечеме максимумот од нив. Што ќе се случува на тој натпревар вториот, ќе размислуваме потоа. Немаме голем ростер на играчи за да ротираме и да се штедиме. Одиме од натпревар во натпревар максимално“.
„Принципите на работата на Спалети не се разликува многу, неговата филозофија е таква без разлика со кои играчи ќе настапи. Но ако некоја фолозофија е успешна не гледам причина да се менува. Очекувам дека ќе имаат неколку измени во нивниот состав во однос на мечот во Скопје. Тоа го направија и на претходните натпревари“.