Милевски: Не знам зошто бев исклучен… Кривo ми е само што не победивме поубедливо

by
1 минути читање

Македонија ги
почна квалификациите за ЕВРО 2024 со триумф над Малта, „црвено-жолтите“ подолго
време се мачеа да го скршат отпорот на противникот, но на крајот славеа со 2-1.

Благоја Милевски
е задоволен од трите освоени бода но жали што не е забележана поубедлива
победа.

„Честитки за
моите момци. И пред почетокот кажав дека овие натпревари како со Малта се
најопасни, можевме да победиме поубедливо, штета што примивме таков несреќен
гол. Најзадоволен сум од енергијата и карактерот кој го покажаа момците. Од
собир во собир се создава таа хемија меѓу нив. Имаме доста нови и млади
вклучено и потребно е време за да се направи таа хемија меѓу нив. Се повеќе и
повќе наликуваме на тим кој го посакувам, сите како карактери се одлични момци.
Задоволен сум од тоа што го одиграа момците и навистина ми е криво во
завршницата што не победивме со поголема разлика“ –
вели селекторот на
Македонија.

Благоја Милевски
не го дочека крајот на натпреварот откако
доби црвен картон во финишот.

Не ми е јасно зошто
добив црвен картон, ми кажаа дека сум го напуштил моето место, но тоа е за жолт
картон. Не сум приговорил ништо за да добијам црвен“
– додаде предводникот на „црвено-жолтитe“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×