Милевски: Мора да ја поправиме реализацијата

by
1 минути читање

Македонија речиси и да ги загуби шансите за првото место откако со 3-0 загубивме од Грузија. Утрешниот меч против Гибралтар мора да се победи без разлика со кои фудбалери ќе настапиме.

„Обврска на сите нас во репрезентацијата е секогаш да бидеме на нивото, без оглед против кого играме, да го дадеме максимумот и сите да се стават во функција на тимот. Мора да бидеме на ниво, а имаме максимален респект кон секој противник“, вели Милевски.

„Со Грузија одигравме 50-60 минути, но ни недостигаше тој завршен пас, мора да бидеме поконкретни во зоната на шут, а тоа ни недостигаше и со Бугарија и со Грузија. Да, доминантни сме, имаме посед, имаме ситуации за гол, но мора поконкретно во трета зона. И за ова удел има формата, зашто фудбалерите не се во натпреварувачка форма, а тоа е поради периодот во кој се игра. Истите фудбалери се кои даваа пет гола на меч, по три гола на меч…“.

Натпреварот меѓу Македонија и Гибралтар се игра утре (недела) со почеток од 18 часот.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани