Македонија со 2-0 го победи Гибралтар. На теренот не блескавме но ја остваривме целта. Мечот се играше на терен со вештачка трева, а тоа не е едноставно за играчо кои не се навикнати на таква подлога.
„Кога ќе играте во вакви услови резултатот е најважен, сѐ друго е во втор план. Јас можам само да им честитам на фудбалерите за залагањето и за желбата за победа на ова гостување“, вели Милевски.
Селекторот е задоволен од изданието на дебитантите, Илиев, Серафимов и Тодоровски.
„Одиме понатаму, сега нѐ чека Грузија. И пред стартот на овој циклус реков дека ќе има ротации за да се зачуваат силите за овие четири меча. Сите го дадоа максимумот и на вакви мечеви најважни се победите. Илиев доби шанса зашто брани за клуб кој игра на вештачка трева, а и да го одмориме Столе Димитриевски, Серафимов и Тодоровски покажаа дека може да се смета на нив и во иднина“.
Фото: Петр Стојановски – ФФМ