Македонија не упеа да направи ново изненадување против Германија, загубивме со 4-0 иако во првиот дел немаше погодоци. Ова беше и прв пораз како селектор на Благоја Милевски.
„Германија заслужено победи. Задоволен сум од првото полувреме, од играта, пред се од поставеноста, од транзициите кои за жал не ги искористивме на најдобар начин. Во второто полувреме головите ги примивме по наши четири индивидуални грешки. Тоа нема врска ниту со поставеноста, ниту со тактиката. По првиот гол паднавме и физички, тоа можеби е и до недоволната подготвеност на дел од фудбалерите. Индивидуалните грешки се составен дел од играта. Треба да го заборавиме второто полувреме и да продолжиме понатаму. Имаме уште два меча до крајот на квалификациите“, вели Милевски по мечот.