Милевски: Имам голема почит за Ристовски, јас му ја дадов капитенската лента

by
1 минути читање

Неодамна капитенот Стефан Ристовски објави дека нема да игра за македонската репрезентација поради несогласувања со селекторот. Милевски вели дека има голема почит за играчот на Динамо Загреб и ја почитува неговата одлука.

„Мојата почит кон Стефан и кон сите репрезентативци е на највиско можно ниво, тоа го кажува и мојот пат до Загреб и разговор со него. Јас му ја доделив капитенската лента. Последниот разговор наш беше конструктивен, имаме некои различни гледишта, тоа е се во интерес на тимот. За жал нема да биде дел од нас. Одлуката негова ја почитувам. Единствено можам да му замерам што одлуката ја кажа преку социјалните мрежи, јас не користам социјални мрежи“, вели Милевски.

„Нов капитен ќе биде Енис Барди. Досега тој беше втор капитен, а Столе Димитриевски трет“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани