Милевски: Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник

by
1 минути читање

Македонија ќе игра во група заедно со Бугарија, Грузија и Гибралтар во дивизијата Ц од Лигата на нации.

„Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови”, вели селекторот Благоја Милевски.

„Нѐ очекуваат сериозни натпревари. Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група“.

„Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал, едноставно не трпи поинаков пристап. Сѐ што ќе бараме од фудбалерите и целиот наш тим е максимално залагање на сите натпревари“.

Првите четири од шестте кола се играат во јуни, а останатите две во септември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×