79
29 годишниот Исник
Алими е ново име во репрезентацијата на Македонија, фудбалерот од средниот ред
на Сепси попладнево ќе го одработи првиот тренинг со „црвено-жолтите“.
„Алими бележи
одлични игри во првенството на Романија, неговото искуство и формата во која се
наоѓа може само да ја зголеми конкуренцијата во нашиот тим и да донесе
дополнителен квалитет“ – ја образложи Боби Милевски својата одлука дополнително
да повика фудбалер за пресметките против Италија и Малта.
Исник Алими е поранешен
младински репрезентативец на Македонија, а во својата кариера има настапувано и
во Аталанта, Виченца, Шибеник и Габала.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.