Милевски дополнително го повика Ердон Даци за мечевите со Украина и Ерменија!

by
0 минути читање

Ердон Даци кој вчера постигна гол за Вестерло, доби повик од Милевски за престојните натпревари на македонската репрезентација. Тој не беше во првичниот список на селекторот.

Ова е враќање за Даци во репрезентацијата по тешката повреда поради која долго време беше надвор од теренот.

Македонија на 14. октомври игра квалификациски меч во Прага против Украина, а три дена подоцна во Струмица ја пречекуваме Ерменија во пријателски дуел.

×