Милевски: Доминиравме во сите сегменти на фудбалската игра

by
1 минути читање

Македонија со реми со Молдавија и пораз од Црна Гора се враќа од Анталија. Селекторот е задоволен од тоа што го виде иако резултатите не се добри.

„Кога противникот од игра нема ниту еден шут кон голот… да прекините ни се проблем, работиме на тоа напорно. Денеска се обидовме да ја промениме поставеноста во дефанзива на тие дефанзивни корнери, игравме некоја зона, но се случи тоа што се случи, ќе работиме уште на тој сегмент“, вели Милевски.

„Морам да изразам задоволство од начинот на кој што играше Македонија на овој меч, начинот на кој што доминираше во сите сегменти на фудбалската игра. За жал тие шанси што ги имавме, особено во првото полувреме не ги искористивме, но сето останато што барав од фудбалерите не само што го исполнија туку и дадоа повеќе од тоа. Морам да бидам задоволен од тоа што го видов. И уште еднаш ќе потенцирам дека Македонија одигра исклучително квалитетен натпревар денеска со противник повеќе од сериозен како што е Црна Гора. Задоволен сум од тоа што го видов на овие два натпревари“.

„Ако Македонија изгледа вака како денес и во иднина, јас ќе бидам среќен. Ако го тргнеме на страна резултатот, во ред резултатот е најважен, но не е најважен на овие контролни натпревари“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани