Сасуоло на стадионот „Реџо Емилија“ попладнево приреди изненадување и со 2-0 го совлада Милан, во натпревар во кој фаворитот разочара, а домашниот тим сосема заслужено стигна до трите бода.
Мечот започна идеално за домаќините, кои по само пет минути игра дојдоа до водство преку искусниот Доменико Берарди. Ситуацијата за Милан дополнително се искомплицира во 24. минута, кога Фикајо Томори доби втор жолт картон и беше исклучен од игра.
Во продолжение Лауриенти го зголеми водството на 2-0 и го постави конечниот резултат.
Ова е втор последователен натпревар без победа за Милан, кој повторно остана и без постигнат гол, откако во претходното коло ремизираше со Јувентус. Токму „старата дама“ има шанса да се израмни со Милан на табелата доколку ја оправда фаворитската улога против Верона.
Сасуоло, пак, моментално е на деветтата позиција и без поголем резултатски притисок ќе го дочека финишот на сезоната.