Милан за голман од Србија без сениорски настап платил милион евра

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Милан неочекуван потег на трансфер пазарот и, според пишувањата на српските медиуми, постигнал договор за ангажман на голманот Илија Пантелин од ТСЦ Бачка Топола.

Како што објавува „Моцарт спорт“, 18-годишниот Пантелин треба да се пресели во редовите на „росонерите“ за сума од околу еден милион евра, заедно со вклучените бонуси. Младиот голман подолго време бил следен од скаутите на италијанскиот гигант, кои очигледно дале позитивна оценка за неговиот потенцијал.

Пантелин во изминатата сезона настапи на 22 натпревари за младинскиот тим на ТСЦ, а неколку пати беше во составот на сениорската екипа. Сепак, не доби прилика да дебитира во првиот тим.

Тој воедно е и стандарден член на репрезентацијата на Србија до 18 години, а во Милан очигледно веруваат дека пред него е перспективна кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×