Милан со девет играчи ја победи Болоња (ВИДЕО)

by
1 минути читање

И покрај тоа што имаше два исклучени играчи, Милан успеа да дојде до целиот плен од гостувањето кај Болоња.

Работите за Милан не тргнаа добро, во 31. минута поради повреда Ромањоли го напушти теренот а на негово место влезе Запата, дефанзивната криза се продлабочи.

Само шест минути подоцна, Палета заработи втор жолт картон, па Милан остана без уште еден централен дефанзивец.

По 15 минути игра во второто полувреме Куцка беше исклучен поради два жолти картони кои успеа да ги заработи за шест минути.

Но и покрај тоа што играше со помалку фудбалери, Милан во 89. минута со гол на Пашалиќ дојде до важна победа над Болоња за прекинување на серијата порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани