Лацио со 1-2 се радуваше во дербито на 27. коло на гостувањето на „Сан Сиро“ кај Милан.
Пресметката во градот на модата понуди доста борба, а одново момците на Серџо Консеисао претрпеа пораз, трет во низа во Серија А, нешто што им се случи првпат по две години пауза.
Успеа Лацио да поведе со голот на Матија Закањи во 28. минута и на полувреме замина со предност од 0-1. Во продолжението се наметна Милан и имаше неколку опасни шанси.
Веројатно клучен потег беше црвениот картон на Павловиќ во 67. минута од средбата. Милан успеа и со десетмина да се врати во игра со голот на Самуел Чуквуезе, имаше шанси и да дојде до целосен пресврт, ама не успеа. На крајот казната стигна во вид на пенал кој го направи Мањан врз Исаксен. Ветеранот Педро во 98. минута погоди за ново водство и победа на Лацио.