1,K
Фудбалскиот клуб Милан како што беше најавено промовира нова гарнитура на дресови кои ќе ги користат на некои од следните натпревари.
Станува збор за уникатни дресови во две варијанти. Едната е црна основа со зелен дел и жолти детали, додека другата е црвена основа со црни и зелени додатоци, исто така со жолти детали.
Оваа комбинација на дресови Милан ја промовира во соработка со познатиот италијански бренд „Off White“. Нешто слично „росонерите“ направија и минатата сезона со двата дреса во соработка со „Pleasures“ кои беа инспирирани од градот Милано.
WELCOME TO DREAMLAND 💭
— AC Milan (@acmilan) February 14, 2025
Introducing the @pumafootball x #ACMilan x @OffWht kits. Out now. pic.twitter.com/w5L54AoOEl