Милан ќе понуди 35 милиони евра за Елмас?

by
1 минути читање

Елмас веќе неколкупати во минатото се поврзуваше со Милан, но никогаш не се случи нешто конкретно. Новите гласини велат дека росонерите подготвуваат понуда за македонскиот репрезентативец која ќе изнесува 35 милиони евра.

Весникот информира дека доколку се случи таков трансфер, процент ќе добие и Фенербахче, во касата на турскиот клуб треба да се слеат 1,5 милиони евра.

Елмас е интересен за Милан затоа што е млад и може на високо ниво да игра на сите позиции во средниот ред. Нешто што е реткост во фудбалскиот свет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×