227
Паоло Малдини и
Рики Масара му го удриле меракот на Елиф Елмас, директорите на Милан го сакаат
Македонецот поради неговата сестраност и можноста да игра во средниот ред и
офанзивата.
Новинарот Танер
Караман објави дека „росонерите“ на маса ставиле 35 милиони евра за услугите на
Елиф Елмас, понудата била доставена до Наполи уште пред неколку дена.
Тутомеркатовеб
пак објави дека Милан напорно работи зад сцената но во моментов шампионот на Италија нема испратено конкретен предлог.
Сепак работите
можат да се променат во брзо време, ТМВ најавува дека Милан во следните денови
ќе достави понуда до Наполи.