126
Нианг во Ватфорд ќе игра на позајмица до крајот на сезоната со опција летото да биде целосно откупен за 16 милиони евра.
Сега останува Ватфорд да ги договори личните услови со Нианг, реализацијата на трансферот зависи од самиот фудбалер.
Претходно Милан и Џенова се договорија за позајмица на Нианг, но фудбалерот го одби трансферот.
Претходно се пишуваше и за интерес од Вест Хем, Ливерпул и Кристал Палас, но Ватфорд постигна договор со Милан.