Милан и Рома подготвуваат две чудни трампи

by bojan
1 минути читање

„Росонерите“ и „волчицата“ имаат добри односи кога е во прашање трансфер пазарот, медиумите од Италија пренесуваат дека клубовите работат на две нови трампи.

Минатото лето, Тами Абрахам се пресели на Сан Сиро, додека во спротивен правец беше испратен Алексис Салемакерс, а последните информации велат дека Милан и Рома повторно седнале на маса да договорат слични зделки.

Првата трампа која се „крчка“ е голманска, односно Пјерлуиџи Голини да пристигне во Милано, додека пак Марко Спортиело да замине во Рим.

Покрај ова, се опипува терен и за трампа на напаѓачи -„росонерите“ пријавиле интерес за Артем Довбик.

Украинецот е фудбалер по мерак на тренерот Макс Алегри, кој е импресиониран од неговите физички и технички способности.

И за да го добие Артем Довбик, Милан на Рома и го нуди Сантијаго Хименз, кој беше купен од Феенорд во јануари.

ФОТО: X/AS Roma English

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×