59
За мечот на „Луиџи Ферарис“, Џенаро Гатузо не беше на клупата поради суспензија, а Милан дополнително беше ослабен поради неиграњето на Кеси, Калабрија, Ромањоли, Биља, Калдара, Бонавентура и Игуаин.
Но и покрај ваквите проблеми, „росонерите“ стигнаа до триумф од 0-2 и три важни бода.
Донарума со неколку добри одбрани ги спречи домаќините да поведат, за во финишот од мечот најпрво Борини да реализира за 0-1, а потоа Сусо по еден брз против напад да ги реши сите дилеми.