Холандскиот дефанзивец Мики ван де Вен е херојот на вечерта во победата на Тотнем над Копенхаген со 4:0 во Лигата на шампионите. Стоперот постигна спектакуларен гол кој ја воодушеви цела Европа.
Во момент кога англискиот тим имаше играч помалку и беше под сериозен притисок, Ван де Вен тргна во неверојатен соло-продор. Лоптата ја презеде на работ од својот шеснаесетник, тргна напред и за само неколку секунди помина низ цел терен. Прво се ослободи од еден, па од втор противник, потоа мина и уште тројца играчи на средината и се најде сам пред голманот Доминик Котарски. Холанѓанецот остана смирен и прецизно ја смести топката во мрежата за 4:0.
Публиката на стадионот беше на нозе, а неговите соиграчи веднаш притрчаа да го прегрнат по голот што многумина веќе го нарекоа еден од најубавите во историјата на Лигата на шампионите.
Дел од медиумите дури го споредија Ван де Вен со Лионел Меси, што најдобро говори за тоа каков подвиг изведе дефанзивецот на Тотнем.