Поранешниот фудбалер и директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ даде свое видување на протестот кој „кралевите“ го испратија и со кој го кренаа гласот кон судиите.
Реал Мадрид влезе во војна со Ла Лига и останатите клубови од Примера откако достави официјален допис и се пожали од судењето, „кралевите“ обвинија дека се жртви на судиска неправда.
Ова предизвика бура на реакции, а на деликатната тема се надоврза и поранешниот фудбалер и директор, Предраг Мијатовиќ.
„Не се согласувам со ваквите потези со кои прст се вперува кон судиите. Судиите се само луѓе и имаат право на грешка. Без разлика каква и да имаат помош од технологијата, тие се само луѓе“ – вели Предраг Мијатовиќ.
„Точно е дека во последно време дел од одлуките се на штета на Реал Мадрид, но нема потреба да се влечат вакви потези“.
„Ако се направи анализа на последните неколку години, ќе има натпревари на кои ве оштетиле, но и натпревари во кои одлуките биле во ваша полза“.
„Секој клуб се жалел од судиите, и имал поплаки но зошто никогаш не се буниме кога ќе добиеме услуга од судиите?“