Мијатовиќ отркива: Малку фалеше да го донесеме Иниеста во Реал Мадрид!

by
1 минути читање

Иниеста остави длабока трага во Барселона, беше неверојатен тандем со Чави Ернандез, потоа беше и херој на Шпанија во доминантните четири години од 2008 до 2012 година со две европски и една светска круна, постигнувајќи го голот за мундијалска титула во Јужна Африка.

„Бевме близу до договор. Разговаравме и со неговиот татко, преку него го контактиравме и менаџерот. И бевме подготвени да ја платиме откупната клаузула. Сѐ најавуваше дека трансферот ќе се реализира, ама на крај Андрес се реши да остане во Барселона“, рече Мијатовиќ.

Црногорецот од 2006 до 2009 година беше спортски директор на Реал Мадрид, а од 1996 до 1999 беше фудбалер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани