Повеќе медиуми во
Португалија пренесоа дека српскиот фудбалски сратег Синиша Михајловиќ денес
пристигнал во тамошната престолнина Лисабон за да ги договори сите детали околу
преземањето на кормилото на Спортинг.
Според
информациите кои се наведуваат од таму, се вели дека Михајловиќ ќе потпиша
тригодишен договор со португалскиот прволигаш каде настапува нашиот
репрезентативец Стефан Ристовски.
Ќе потсетиме дека
во Спортинг Лисабон завладеа огромна криза откако оваа екипа ја загуби битката
за титулата а дури не избори ниту место во Лигата на шампионите за идната
сезона, по што настана нешто што ретко кој очекуваше, навивачите физички ги
нападнаа фудбалерите, а најтешко мина Бас Дост.
По тој инцидент
Жорге Жезус поднесе оставка и најде ангажман во Кина, а дури седуммина
фудбалери побараа раскин на договорот со клубот, меѓу кои Руи Патрисио, Вилијам
Карваљо, Желсон Мартинс, Бруно Фернандес, Рубен Рибеиро, Бас Дост и Даниел
Проденсе.
Михајловиќ е без
ангажман уште од јануари кога доби отказ во италијанскиот прволигаш Торино,
претходно беше на клупата на Милан, Сампдорија, Фиорентина, Катанија, Болоња,
како и селектор на Србија.