91
„Ова е голем чекор за мене, остварување на моите фудбалски идеи. Ќе настапувам во лига која е силна и расадник на голем број фудбалски таленти. Хрватската репрезентација е финалист на последното светско првенство и мислам дека многу ќе напредувам во мојот нов клуб“, се првите зборови на Талевски, по потпишувањето на договорот.
Нашиот репрезентативец играше за екипата на Пелистер, а во хрватското првенство се сели веднаш. Отштетата на сметката на ботиолскиот клуб веќе е исплатена.