Репрезентативецот
на Ерменија минатото лето се пресели на Олд Трафорд во зделка вредна 42
милиони и покрај тоа што „Милионерите“ не сакаа да слушнат за продажба и долго време одолеваа на понудите.
На фановите на
Борусија Дортмунд не им се допадна овој трансфер па го обвинија Хенрих
Мхитарјан дека потпишал за Манчестер јунајтед само за да заработува повеќе
пари.
Во разговор со
Билд, играчот за прв пат се огласи и одговори на критиките.
„Не ги разбирам
овие критики, тие се погрешни” – вели популарниот Мики.
„Доколку ме
интересираа само парите, кога го напуштив Шахтар ќе потпишев за Анжи а не за
Борусија Дортмунд”.
„Но не го сторив
тоа. Сакав да продолжам да бележам прогрес како играч”.
Хенрих Мхитарјан
потоа му одговори и на генералниот извршен директор на Борусија Дортмунд, Ханс
Јоаким Вацке, кој неодамна изјави дека Ерменецот не е голем играч бидејќи не
шутирал пенал во финалето на купот против Баерн Минхен.
„Доколку сака да
ми оцени на основа на еден натпревар, тоа е погрешно. Веројатно заборавил како
претходно ја одиграв целата сезона”.
„Ќе погодев пенал
во Берлин. Но има тренер и 11 играчи на теренот, и дискутираме кој ќе изведува”.