Aргентинецот Лионел Меси призна дека преговарал за враќање во Барселона, но на крајот таа можност пропаднала.
Меси откри дека се надевал на враќање во каталонскиот гигант по освојувањето на Светското првенство со Аргентина во 2022 година.
„Мојота цел по Светското првенство во Катар беше да се вратам во Барселона. Не можев да замислам да играм во било кој друг клуб. Сакав да се вратам во својот дом, таму каде што се започна. Меѓутоа повторно немаше таква можност. Одлуката за преселба во Мајами ја донесеов заедно со семејството, многу ми олесна што го освоив Светското првенство, почувствував дека освоив се што сакав“, изјави Меси.
Не крие Меси и дека има желба да настапи на Мундијалот во 2026 година.
„Би лажел ако кажам дека не размислувам за настап на Мндијалот во 2026 година. И понтаму се чувствувам одлично и верувам дека можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Оваа година ќе биде пресудна, ќе видиме што ќе донесе“, заклучи Аргентинецот.