Денеска со почеток од 18 часот Интер Мајами со Лионел Меси игра против ПСЖ во осминафинален меч од Светското клупско првенство, пред дуелот Аргентинецот си ги кажа маките кои ги имал додека беше член на францускиот клуб.
Авантурата на Меси во ПСЖ не помина добро, тој две години го носеше дресот на овој клуб, но таму не се прослави.
„Тоа беа години во кои не уживав и не бев среќен во секојдневниот живот. Не беше тоа добро искуство за мене и не бев среќен ниту еден ден на тренинзите и натпреварите. Не можев никако да се прилагодам“, призна Меси.
Тој открива дека имал проблеми и со навивачите, не бил омилен меѓу сите.
„Прво бев топло пречекан, но потоа еден дел од јавноста во Париз почна да ме третира поинаку. Дојде и до поделба помеѓу фановите што секако не беше моја цел. Слични ситуации имаше и со Мбапе и Нејмар, па веројатно навивачите таму едноставно се такви“, додаде аргентинскиот ас.
Во дресот на ПСЖ Меси одигра 75 натпревари во сите натпреварувања во кои посигна 32 гола и подели 35 асистенции.