73
По завршувањето на Светското првенство во Русија, Меси одлучи да не настапува веќе за репрезентацијата, сакаше да одмори од националниот тим. Неговата одлука не беше дефинитивна пензија, остави можност за враќање во иднина.
Според „Марка“, Меси одлучил да се врати и да настапи на Копа Америка 2019 за Аргентина.
„Лео никогаш не го напуштил националниот тим, па не се сомневам дека ќе се врати кога ќе биде повикан“, изјави претседателот на Аргентинската фудбалска федерација, Клаудио Тапиа.
Се верува дека Меси нема да игра на пријателски натпревари за Аргентина до јуни, ќе се врати само за настап на Копа Америка.